Halloween Game

Halloween Game претставува апликација-игра креирана со Clickteam Fusion 2.5  game creation software, која е достапна и во бесплатна верзија и овозможува креирање HTML5 игри и апликации кои работат на web-browser, PC, Mac, таблети и телефони (на Android и iOS), Linux, Game конзоли и Internet/TV boxes. Играта Halloween Game се активира преку апликацијата Halloween Game која може да се преземе од следниот линк.

Демо за прво ниво Hallowеen Maze е прикажано на следното видео.

Демо за  второто ниво Platformer  е прикажано на следното видео.

Опис на играта

Halloween Game претставува апликација-аркадна игра со две тежински нивоа:

  • Прво ниво Hallowеen Maze
  • Второ ниво Platformer

Контрлолите кои се користат за играње се во двете нивоа се стрелките (горе, долу, лево и десно) од тастаурата, копче Esc за враќање на почетното мени и копче R за рестартирање.

Прво ниво – Hallowеen Maze


Првото ниво Hallowеen Maze се состои од лавиринт во кој се поставени бонбони. Целта на играта е играчот  да ги собере сите бомбони и да го земе клучот за да може да излезе од лавирнинтот низ влезната врата.  Во долниот лев агол поставен е бројач (counter) со кој се регистрира бројот на собраните бонбони. Во горниот десен агол е поставен тајмер, на кој се регистрира времето за кое играчот ќе успее да ги собере сите бонбони и да го пронајде клучот.

 

Низ самиот лавиринт се поставени патокази, кои упатуваат на скриени предмети (пр. играчот треба да ја пронајде скриената патека која води до магичниот чекан, со чија помош треба да ги крши пукнатите ѕидови, за да ги земе бонбоните скриени зад нив). Во лавиринтот постојат пречки (духови кои се движат по рандом патеки и доколку го пресретнат играчот го враќаат на почеток од лавиринтот). Рестартирање на играта се прави со избор на копчето R од тастатурата, а со копчето Esc се доаѓа на почетното мени на играта. Победник е играчот кој ќе успее за најкусо време, да ги собере сите бонбони, да го земе клучот и да го напушти лавиринтот од влезната врата.

 

Демо за првото ниво Hallowеen Maze е дадено на следниот линк.

 

Второ ниво – Platformer

Вторто ниво Платформер е со поголема тежина на игра.  Во ова ниво претставен е полуразурнат храм со повеќе висински нивоа. Целта на играта е играчот  да ги собере сите бомбони што се расфрлени низ храмот, за да може да излезе од лавирнинтот низ излезната врата која се наоѓа на крајот на ходникот.  Во долниот лев агол поставен е бројач (counter) со кој се регистрира бројот на собраните бонбони.

 

 

Играчот се движи низ нивота на храмот по патека означена со црни камења. На патеката се поставени и телепортери со сина боја кои го телепортираат играчот од едно на друго висинско ниво. Доколку играчот падне од патеката за движење, се враќа на влезот во храмот. Во лавиринтот постојат пречки: скелетони и лилјаци кои се движат по рандом патеки. Доколку играчот го пресретне лилјак го враќа на влезот од храмот, а доколку го пресретне скелетон му одзема живот и го го враќа на влезот од храмот.

 

 

Во горниот десен агол е поставен тајмер, на кој се регистрира времето за кое играчот ќе успее да ги собере сите бонбони и бројач на животи со кои располага играчот. На почеток на играта играчот има три животи. Доколку играчот ги изгуби сите три животи играта завршува и се враќа на почетното мени. Победник е играчот кој ќе успее за најкусо време, да ги собере сите бонбони, да го земе клучот и да го напушти лавиринтот од влезната врата. Рестартирање на играта се прави со избор на копчето R од тастатурата, а со копчето Esc се доаѓа на почетното мени на играта.

Демо за второто ниво Hallowеen Maze е дадено на следниот линк.