Hallowеen Maze – прво ниво

Проектната задача Halloween Game претставува апликација-аркадна игра со две тежински нивоа:

  • Прво ниво Hallowеen Maze
  • Второ ниво Platformer

Демо за прво ниво Hallowеen Maze е прикажано на следното видео.

Првото ниво Hallowеen Maze се состои од лавиринт во кој се поставени бонбони. Целта на играта е играчот  да ги собере сите бомбони и да го земе клучот за да може да излезе од лавирнинтот низ влезната врата.

Во долниот лев агол поставен е бројач (counter) со кој се регистрира бројот на собраните бонбони. Во горниот десен агол е поставен тајмер, на кој се регистрира времето за кое играчот ќе успее да ги собере сите бонбони и да го
пронајде клучот.

Низ самиот лавиринт се поставени патокази, кои упатуваат на скриени предмети (пр. играчот треба да ја пронајде скриената патека која води до магичниот чекан, со чија помош треба да ги крши пукнатите ѕидови, за да ги земе бонбоните скриени зад нив). Во лавиринтот постојат пречки (духови кои се движат по рандом патеки и доколку го пресретнат играчот го враќаат на почеток од лавиринтот). Рестартирање на играта се прави со избор на копчето R од тастатурата, а со копчето Esc се доаѓа на почетното мени на играта. Победник е играчот кој ќе успее за најкусо време, да ги собере сите бонбони, да го земе клучот и да го напушти лавиринтот од влезната врата.

Advertisements